Публицистичкиот стил ги покрива сите области од општествено-политичкиот живот: политика, економија, наука, образование, култура, спорт, секојдневен живот (она што го има во весник и на вести).
Овој стил го употребуваат новинарите во весниците, списанијата, на радио и телевизија. Значи, има писмена и усна форма.
Јазикот кој се употребува е литературен, а стилот стегнат, со кратки и јасни реченици.
Овој стил има две функции: информативна и пропагандна. Со овие функции се создава јавното мислење во едно општество. Тука е важна брзината на информацијата, но и привлекување на вниманието и тоа најчесто преку насловите и најавите.
Може да се подели на:
1. Новинарски
2. Публицистички