Makedonski Jazik i Literatura - Publicisticki Stil lyrics

Published

0 208 0

Makedonski Jazik i Literatura - Publicisticki Stil lyrics

Публицистичкиот стил ги покрива сите области од општествено-политичкиот живот: политика, економија, наука, образование, култура, спорт, секојдневен живот (она што го има во весник и на вести). Овој стил го употребуваат новинарите во весниците, списанијата, на радио и телевизија. Значи, има писмена и усна форма. Јазикот кој се употребува е литературен, а стилот стегнат, со кратки и јасни реченици. Овој стил има две функции: информативна и пропагандна. Со овие функции се создава јавното мислење во едно општество. Тука е важна брзината на информацијата, но и привлекување на вниманието и тоа најчесто преку насловите и најавите. Може да се подели на: 1. Новинарски 2. Публицистички