Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот. Повеќе стихови оформуваат строфа. Според бројот на стиховите, разликуваме:
- Моностих
- Дистих
- Терцет
- Катрен
- Пентина
- Секстина
- Септима
- Октава
- Нона
Песните според организацијата на строфите може да бидат:
1. Астрофични
2. Строфични
3. Хетерострофични
Ритамот е основно обележје на песната. Тој се постигнува со метриката (бројот на слоговите во стихот), ритмичките стапки (нагласени и ненегласени слогови), со повторување исти зборови и гласови, со римата, со инверзијата на зборовите итн.
Стиховите го добиле името по бројот на слоговите:
- Четверец
- Петерец
- Шестерец
- Седмерец
- Осмерец
- Деветерец
- Десетерец
- Единаесетерец
- Дванаесетерец
- Тринаесетерец
- Четиринаесетерец
- Петнаесетерец
- Шеснаесетерец