Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот. Повеќе стихови оформуваат строфа. Според бројот на стиховите, разликуваме: - Моностих - Дистих - Терцет - Катрен - Пентина - Секстина - Септима - Октава - Нона Песните според организацијата на строфите може да бидат: 1. Астрофични 2. Строфични 3. Хетерострофични Ритамот е основно обележје на песната. Тој се постигнува со метриката (бројот на слоговите во стихот), ритмичките стапки (нагласени и ненегласени слогови), со повторување исти зборови и гласови, со римата, со инверзијата на зборовите итн. Стиховите го добиле името по бројот на слоговите: - Четверец - Петерец - Шестерец - Седмерец - Осмерец - Деветерец - Десетерец - Единаесетерец - Дванаесетерец - Тринаесетерец - Четиринаесетерец - Петнаесетерец - Шеснаесетерец