Zad Agolot - Dosie Skopje lyrics

Published

0 326 0

Zad Agolot - Dosie Skopje lyrics

[Строфа 1: Бранко] Градов ми буди, чувства мутни Не држи будни, со мисли чудни И студи, внатре во градот Не го сакам нити мразам, ебено се е празно (Не може ништо да не сакаш) Да, има нешто што ме буди и сакам Го сакам рапот, кучето во паркот Драгана, Аце, Ацо, Павле и Марко Го сакам моето Ѓорче, мојот Хром Ги сакам моите дома, мојот дом Ако се е тоа Скопје Тогаш го сакам целото и секој дел од него мој е Сакам лето, Скопско, клупа, парк Другари, резил, сеир, асфалт и тротоар Можеби не до толку Скопје Но ги сакам во него луѓето малу појќе [Рефрен х2] Го сакам Скопје, Скопје Не го сакам Скопје, Скопје [Строфа 2: Павле] Кога градот гори знам, ќе чади мешана скара Ми дава знак (дека јас) живеам во своја манџа И покрај тоа би сакал да кажам Дека е градов само дел од мојот ум што крие тајна Го сакам кино Маџари Ако има мир, мора да има и убавини А мојот мир е таму некаде Клупата во кино и кошот на кој другарите се беселе А сонцево ме носи надвор Во Скопје кај што се изгледа вкусно ама мириса на гадно Градов е ко од сказна Од тамбура до техно музика, од парк па се до жабар А таму јас и музикантите Последна чаша за мојот град што во мојот ум е замислен Градов е тука како врежана слика За првпат Скопје е топло, Зад Аголот стана екипа [Рефрен х2]