Todi DT - Baram Nachin lyrics

Published

0 231 0

Todi DT - Baram Nachin lyrics

[Строфа 1: Тоди] Веруј ми знам, како е кога блискиот тажи Солза на постар образ ме плаши, па барам начин Но не можам да помогнам и тоа боли Кога дома плачат, моливот ме моли „барај мотив“ И признавам сум неверник и грешен Но кога друг излез нема јас и на молитва ќе бидам спремен Чувај ги блиските кога не можат сами И тие кои се веќе со тебе чувај ги, амин Улициве да знаат јазик, би кажале многу За сите дружби и за секој тежок збогум и колку Утеха сме наоѓале во муабетите бескрајни Често дур не не раздени (па знај) Можеби физички подалеку, но сепак блиски Километри се џабе кога во срце сме исти Те послушав, затоа блиску се држам до своите Од мене љубов, поддршка дур барам начин за поише [Рефрен x2] Не барам утеха веќе, барам начин за да бидам среќен Не бирам средства за да стигнам до целта Нејќам повеќе тајни, маски, единствено Барам сите што ги сакам да се среќни искрено [Строфа 2: Тоди] И барам само правдина во пеколов Го нарекуваме татковина, па инцест гледам секојдневно А секој чекор од врата е нова борба Има промена, но не во наша полза, ко во оган Ни гори под нозе, ништо не е ко што треба овде Затоа гори во гради желба да кажам на што сме Гневни на тоа што сме, тема на потсмев Не го потценувајте нашиот дострел Немаме простор ниту право на слободен говор Но имам право да се борам за права, чекаме повод 98-ма беше знак Дека им е страв кога Скопска Ситуација доби бан Кроиме план полека Одмаздата е кучка, но само за тие што ги чека Затоа, бирај страна дур е време Додека барам начин да ги свртам сите против нив, чекај ме спремен [Рефрен x2]