SAF - Fatamorgana lyrics

Published

0 565 0

SAF - Fatamorgana lyrics

[Рефрен х2] Моите дни знај тажни се, тажен сум и јас Mе буткаат до ѕидот да го дадам својот глас A животот е пекол, без пари, а со бистар ум Oазата на мирот за мене е пандемониум [Строфа 1: Пикисипи] И морето да е мастило, а небото хартија Нема да можам да ја опишам целата гомнарија Пишувам САФ енциклопедија, прв том, втора глава Пред да почнам пушти вода за да отидат гомната Интелектот е бедуин во оазата на мирот Се борам за гол живот, а ме буткаат во вирот Роди ме мајко среќен, па фрли ме на буниште Пандорината кутија се отвори и излезе чудовиште Ми ги лапна сите сништа и само надежта ми остана Ме води инстинктот кој ме тера да опстанам Животот ми е пекол, како да се кренам? Имам само бистар ум, вежбам ментална хигиена Немам дедо владика и сум генетски отпадок Можност немам да се изразам, во опциите краток Кратки и се нозете на лагата а сепак сите лажат Истата приказна и на вас ќе ви ја раскажат Не умирај магаре до зелена трева, ќути и трпи Гледаш те тераат г'зот да го натртиш Исфрустриран како ретардиран, ментално јак Како Бардовци психолошки сублимиран Мајка ми ме вика џаболебар, па збеснав Канаринец во кафез, а прашуваш зошто тажна песна Господар или слуга, можам ли да бирам? Околу мене продадени г'зови и уши под кирија Па кој е крив? Дали кулата од Пиза? Ме одржува во живот стиховниот експертизам Сакам да емигрирам, дај ми орелски крила Слободен сум само во мојата астрална проекција На крстопатот на животот треба да откријам кој сум? Сам сум и како младоста тажен сум [Рефрен х2] [Строфа 2: Смилен] Па што и да било истекува мастило Оти хартијата го трпи и тоа што не и е мило Останувам на позиција на затвор зашто Светот е многу мал кога не се смее надвор Уште имам желба да знам до каде човекот стигнал Зошто електронот мрда, зошто Дау Џонс рипнал Но, не се стига далеку кога мора да се јаде Мора да се крие нервоза кога некој краде И да се гуши гневот кога од кастите си згазен Па дали ќе има борба кога знам дека сум тажен? Па сега Хобс кај ти е договорот? Одговорот го нема ни од тебе ни од другите во логорот Па знам џабе талентот и трудот кога Мајки ќе не раѓаат за да фрлаат на патот И таа трошка надеж ако ја има ќе ја клукнат Гулабите од Париз, а потоа ќе ја плукнат И сега само знам кога нервите ќе пукнат Поарно чергар во Лондон место да ме ебат тука И после ова ју-рокери позери Локални богаташи ќе кажат "дај не сери" Зошто ќе мислат дека мислам само на пари Па ќе паднат цел куп чисто злобни коментари: "Опа, сега ќе го пушиш на Американци" Ама џабе петсто години кога сам си ставаш ланци [Рефрен х2]