RickBeatZ (Tha Titanium) - H.O.P.E? lyrics

Published

0 59 0

RickBeatZ (Tha Titanium) - H.O.P.E? lyrics

[Строфа 1] Бев мал и не знаев за таква болка Што детето од спротива постојано ја голта Трошна куќа, без топлина и струја Пцуење и викање што психата му ја трујат Татко му, се што скрпи го испи Ги давеше маките, во ракија дур пизди Мајка му невротик, џабе против Се помири веќе, да се бори изгуби мотив А детето, мета на силеџии Да го гледаш како паѓа не ти пречи ли? Па спречи ги Но таков не се најде, тој лежеше на подот За него сонцето зајде ко бркано в прогон Секој ден се враќаше полн со страв Не од тие на улица, но од семејната прав Некогаш едвај чекаше да оди на школо За да не го трпи дома сам болот Помина време, со иста приказна Но тогаш татко му се најде во притвор сам Си рече "Можеби светлина во мракот Не знаете вие, не сте тепани од сопствен татко" Заврши средно, татко му се врати И престана да пие, но печалбата ја скрати Сега е ред на синот, но не за возврат Туку за своите иднина, мирот и рожба Дојде и денот, кога радосен ми кажа Дека заштедил за виза за надвор од сета тага Си реков, имало среќа Нека го прати секаде, и таму кај што го нејќат Се надевам ќе се врати со полни раце успех И ќе заборави на вчера, ќе мисли на утре Дека се ќе биде мирно и ко што треба Но што тргне наопаку завршува со беда [Строфа 2] Tаман си рекол, „тргнав на прав пат“ Мајка му почина, тоа го затвори пак Остана дома, со болка од љубов Да жали што во животот не се исплател трудот Верувам, уште се надева Да успее натаму зошто живот не застанува Издржи и ќе видиш, колку пати и да паднеш Толку пати посилен ќе станеш