Makedonski Jazik i Literatura - Negacija lyrics

Published

0 188 0

Makedonski Jazik i Literatura - Negacija lyrics

Сите видови реченици може да ги негираме. Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши. Негираме со: 1. честичките: не, ни и ниту; 2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никогаш, никако; 3. со некои префикси Разликуваме неколку видови негација: 1. Во зависност од бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат: - еднократна и - повеќекратна негација. 2. Во зависност од тоа дали го негираме прирокот или некој друг член од реченицата разликуваме: - реченична (прирокот) и - членска (друг член од реченицата). 3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често), спречи (не дозволи) итн.