Tasev - Muzika lyrics

Published

0 186 0

Tasev - Muzika lyrics

[Рефрен: IvAna] Не сакам јас ништо друго Дајте ми само музика Мене ми треба само музика И не ми треба ништо друго Доволно ми е музика Мене ми треба само музика [Строфа 1: Tasev] Мене не ми треба слава, дајте ги само парите Не нејќам ни естрада доволни ми се другарите Го колнам денот кога почнав рап да слушам Зошто музиката стана мој живот и моја душа И сега неможам да смислам без рап да бидам Јас сум зависен од музика и нема да се смирам Се дур сонувам ќе спијам и со мерак ќе се будам Ситници ме прават среќен, па затоа ви се чудам И не го разбирам вашиот филм себичен Ми требаш само обичен, па бегај штом си дволичен Уствари не ми треба никој, оставете ме сам Само сам се разбирам и знам зошто сонувам И верувај те сфаќам кога ти е тешко и си даун Зошто денес губи смисла поимот андерграунд И никад не е битно што си бил или од кај си Битно да си квалитет, кај мене добродојден си [Рефрен: IvAna] Не сакам јас ништо друго Дајте ми само музика Мене ми треба само музика И не ми треба ништо друго Доволно ми е музика Мене ми треба само музика [Строфа 1: Tasev] Нештата ги сфакаш погрешно па баш ми е криво Тоа што ти го викаш хип-хоп, јас го викам живот Луѓето не знаат што ми значи ова на мене Не тие незнаат колку јас давам од себе Ме изгради ко карактер и ко личност Со рапот пораснав, затоа сега се сфаќам лично Беше со мене кога се смеев и радував Беше и тука кога плачев и тагував Зошто животот е кучка и те вади од контрола Да сум имал лесен живот немаше да бидам ова Но се гордеам со тоа што имам, што сум станал Научив како да ја лекувам секоја рана Сум паднал, ќе станам, не ми е лекција прва Искрен совет до луѓе со амбиција тврда Музиката е уметност, искрена љубов стриктно Па стисни плеј, само тоа копче е битно [Рефрен: IvAna] Не сакам јас ништо друго Дајте ми само музика Мене ми треба само музика И не ми треба ништо друго Доволно ми е музика Мене ми треба само музика