RickBeatZ (Tha Titanium) - Kraj lyrics

Published

0 87 0

RickBeatZ (Tha Titanium) - Kraj lyrics

[Интро] (О, штом се сака, се прави како мене така и не ќе ми е мака да дојде потем КРАЈ!) [Рефрен] Се е така далеку кога гледаш својот КРАЈ! Додека газат проблеми значи си жив и не е КРАЈ! Глава горе и да си доле отпор пружи, нема КРАЈ! Животот е битка до последен здив, борба до КРАЈ! [Строфа 1] Додека престанам да дишам пружам отпор само цврсто, со прсто високо кренат и чекам шанса која нешто може да смени само чекор напред и трудов да ми се цени Не сечи вени, никогаш не се откажувај имај верба во себе, лесно не се залажувај зошто можеш од ништо-нешто да бидеш само труди се и глава горе низ било што да минеш Биди позитивен, тоа вреди, желба не штеди среди што не чини, само срцето го следи бледи спомени бриши ко креди, само напред фурај што стварно тебе ти треба, гледи самиот спореди Никаква грижа, ни криза, да гризат, остават траги проблеми, маки, тоа се само лаги не паги на такви ствари што прават да кренеш раце па дете по сето дали сфати дека треба малку [Рефрен] [Строфа 2] Ако продолжиш да се вртиш во круг ќе е КРАЈ! Но ако излезеш и погледнеш надвор од твојот КРАЈ! И живееш по твоја желба без да мислиш за КРАЈ! Никој нема да ти суди се дури не е КРАЈ! Велат после дожд е сонце, но предолга ноќ е треба трпение по што спас знам дека ќе дојде сакам повеќе, ништо не е доста небото велат е граница но и него ќе го пројдам Секоја борба знај е лекција нова повторно приказна која те величи и во пораз на улица и во соба меѓу четири ѕида па имаш бел образ покрај природава сива Па дај импровизирај меѓу тенко и кршливо биди главниот пршлен на 'рбтетот, држи се цврсто и не попуштај, па и да си последен во редици стегни заби и песници, знам ме следиш ти Нели сето ова е предизвик, секое чекорење секое дело што се памти бележи постоење Искуството е знаење од што си осетил чим живееш сега, значи дека си победил