RickBeatZ (Tha Titanium) - Balans lyrics

Published

0 95 0

RickBeatZ (Tha Titanium) - Balans lyrics

[Строфа 1] Велат не е битно кај си само не заборавај на јазикот мајчин и местото кај што си растел и карактер градел и на својот брат пазел во пламен да не падне каде жртва си бил други за да не потонат грешките да не ги повторат, да се подобрат да имаат избор и да не одат по полош пат никогаш заборав, никогаш ко мојот град И ова не е клише туку почит, сфаќаш? Лекција е секој ден што минува низ рака само лошо е што некои мораа цена да платат веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат И овој тест за некој е тежок пекол и ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов признавам низ ова мине секој но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место [Рефрен] Овде едно е да имаш - друго е да цениш едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш лесно е да си крив кога другиот ти суди Овде едно е да имаш - друго е да цениш едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш [Строфа 2] Јас знам дека трпиш се а баланс е најтешко да имаш па на страна држи се не покажувај слабост, макар и да си на работ макар и да си пред крајот, на лице само радост Гладен е, па несреќно се сити овој народ нема толку многу коњи колку што се крева правот Прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне живот прекраток за план, кога си од денес за утре А некои пеат иста песна уште сеуште живот бурен, сеуште сон студен ретко да се осудиш да пружиш рака па не мора да вратат, секако ќе те памтат И кога-тогаш ќе ти симнат капа брат и ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно заедно пак ќе чекориме по патот љубовта не познава закон - затоа јас вас ве сакам!