Nenad Stefanovski-Brus - Zagubi lyrics

Published

0 263 0

Nenad Stefanovski-Brus - Zagubi lyrics

[Строфа 1: Tonyo-San] Светов е чуден, секој ден е роденден нечив На некому е погреб, тоа не можеш да спречиш Ни пречи, што губиме постојано по нешто А загубата е премин од палубата во тешко Губиме денес, а утре уште боли Тогаш купи ми време но промената не гони Полни вагони носи возот полни бед Сите сме се качиле и сфаќаме е боље пеш А не е ќешот, патот до среќата, ова е клише Поразот е лузна која дише Но дали светов пати? Што ти нема да сфатиш Дека некои ствари си отишле, нема никад да ги вратиш, више Судбино пусто-тужна Универзумот се храни од нашите чувства ни кружат Во светот убав, не за тие кој што губат Тие го колнат светот шугав И сите филозофии пропаѓаат во вода кога губиш близок Нема да биде никад исто Ти како ќе и објасниш на мајката за чедото Зарем ке спомнеш јин и јанг и како детето и е на небото? НЕ Нема болката да мине лесно Кога срцето се стега да се разболи од такво нешто И ова место е често грешно кажав Животот е прозирен ко да е лага А трагата на патот носи нова заблуда за да не затрупа И нова загуба ти бараш сила дај ми ја Но по навика ќе речам пак Бори се и овој пат во мрак ти биди јак ко гад бе брат Види ме мене, сум пун ранец бунт Од поразите го сменив мојот пун ум Сега сум борец, модерен самурај, а не во дворец Сум воен поет, на бојно поле бе човек [Рефрен x2] Некад победуваш, а некад губиш не можеш да веруваш Колку боли кога љубиш некогаш А поразот понекад коси драги и носи траги секогаш Биди јак и немој да се предаваш [Строфа 2: LD Pistolero] Секој ден е нечив роденден, секој ден умира човек И секој ден се раѓа ново дете за поубав момент Ама некој никогаш не се израдувал на чедо Не почувствувал колку е тогаш поубав светот за него Баш би сакал да ме чуе и глувиот, види слепиот Да каже здраво на улица немиот Тоа се загуби што не можел сам да ги бира Како осамен човек што не сакал да биде сирак Домот никад не е дом кога си бегалец Сите купени ствари џабе се кога си единец Повеќе ќе те гледаат без почит и со мајтап Ако немаш татко имаш самохрана мајка Ама срце како планина, големо колку ходник Вредно колку животот загубен на тој храбар војник Кој во битка, крвари до последниот здив Во исто време звезда патува и некој губи син А таа болка, расплакува насмеани Прави да се обесат за кратко и другите преживеани Другар изгубил другар пред своите тажни очи И не можел да го спаси тој па за цел живот ќе молчи Зошто немал шанса да му помогне Па се колне во своите најблиски дека никогаш повеќе Нема човек да остави позади себе И ќе го цени животот, зошто баш животот е еден [Рефрен x2] Текст — Rap Genius Macedonia