Master Yo - Nichija Zemja lyrics

Published

0 128 0

Master Yo - Nichija Zemja lyrics

[Строфа 1] Влагам со стилот на Раскољников Со харфа земен е здивот, Климент е пеколен, рифот Разорен, крвав во прилог, на голо ткиво е жигот Без употреба на седативот, пила во грло и тилот Зафати, гингивитис крвари, ти за Гинис во хируршки дисциплини Во цивил не ќе не видиш, бел е мантилот, крвави флеки Creepy тим за рапери кревки, место коски сместив цевки Мозок изваден низ синуси, чим изусти низ усни извик Вирус од ТХЦ прими, да абиш, плуќа да дими Ампутиран дел, препарирање, на измет черепен Секој се плаши како од секташи А каде шеташ ти освен од простори наши? Уста зашив ко ЛСД на Хамзи Паши Психоделик кој високо цели, Лоботомија За сите вас, со поволни цени [Рефрен х2] Ова е ничија земја (епа чекај) Ова е ничија земја (епа чекај) Ова е ничија земја (епа чекај) Тука ќе најдеш само неволја [Строфа 2] Доле сме во јадрото, па мери не во Келвин Пудрата е стопена од ударот со вентил Влагаме во срањево ко Битлси на Вембли И не ми сери дека на срањево сте верни Крт го лади во Кадилак со марка бамја како мошус Хокус покус, срање сложено како судоку Чувано ко јавна тајна, како во тенџере сарма Подрумот на сокол, везени пиперки покољ Со тазе леб во комбо како заебан порок Тоа е нашиот и заеднички оброк А мојот човек Климент, Master Yo Со него во срањево ми е коренот Матичен продуцент, пука во абдомен Бенг, газиме ко тенк бе, батали булдожер бе Куриња вадете, па да ги мериме, бегајте во WC Стилот не е напишан, е уникат и везен [Рефрен х2]