Marsh - Raskrsnica na konec lyrics

Published

0 155 0

Marsh - Raskrsnica na konec lyrics

Ја имав таа среќа да се родам во држава нова држава отпад, да растам во трња што бодат и времиња што болат, поделби на сиромав, богат стечајни работници и транзициска стока погрешни луѓе нѐ водат уште од сам почеток ко да сме осудени да бидеме надвор од светов затворени ко во гето, а отворени сепак за слободен пренос на црниот бизнис што цвета демек корупција нема, велат сѐ било чисто тогаш зошто никој не може да постигне ништо без да има врски? Tака талентите трунат појше од пола младина отидовме у курац со запад нѐ трујат, ќе сме во подобар стадиум ние стварно отруени од осиромашен ураниум живот во аквариум, гледаме буквално сѐ од позади стаклото сакаме да излеземе но ние внатре сме, се мрзиме, се колеме посран договор за мир за појше крв да се пролее апсурдна е цела таа прича за хармонија и соживот меѓу луѓе растени во депонија Армагедонија ми е правото име чим го немам можам ли сега во таа ваша мафија да влезам? Никогаш нема, како и да е, исто ни се фаќа сме издиктирани од страна и вака и така марионетна раја во сопственост на власта што слободата на говорот ја стави во рамка а јас се плашам во сопствена населба да газам во секој момент можам во гепек да се најдам сме во црн самрак, а зорите се толку далечни премногу малечки чекориме по грешни патеки со туѓи патики, наметнати, со сила ставени сме оставени да пропаѓаме осамени Две децении на нула, две децении во мрак две децении во место, две децении во срам јад, беда и криминал, стока, олош и ум болен Македонија раскрсница на конец! Бараме права и правда, но добиваме само прав сме единствениот народ што отсекогаш бил сам насмеан, расеан, поделен од интереси на луѓе ќенефи со мисли плитки, претенки повеќе од две децении независност повеќе од две декади криминал, беда и зависност срушен авион е случајност ко петкратко убиство не постои цена за изгубен човечки живот како да спијам мирно? Како воопшто да спијам? Сум на десет километри од европскиот Ирак вреди ли да емигрирам што подалеку од овде и да заборавам што побрзо каде сум роден? Опаѓа наталитетот слично на самоубиство за пет-шеесет години ќе бидеме малцинство имам слободен избор на секои четири години а секои нови четири се уште појше морбидни треба да сме посилни, како кога сите мижат? секој е за себе итар за денар би се шитнал секојдневно бомбардиран од мас-медиуми прават народ да е преплашен со очи несигурни ко да сме виновни, што сме дел од ова поднебје расипано до корен е, менталитетот болен е никогаш искоренет, варвари до сам крај такви ќе сме во очите на другите засекогаш повеќе не можам да гледам како деца тонат повеќе не можам да гледам како живеат болка повеќе не можам да гледам како сите си одат повеќе не можам да гледам во сиот тој очај! Но што да сторам? Залудно среден прст кренат касно е, работите нема да се сменат таква е таа среќа да бидеш дете на сонцето осуден на пропаст уште од самиот почеток Две децении на нула, две децении во мрак две децении во место, две децении во срам јад, беда и криминал, стока, олош и ум болен Македонија раскрсница на конец!