Kaliopi - Тоа сум јас (Toa sum jas) lyrics

Published

0 1149 0

Kaliopi - Тоа сум јас (Toa sum jas) lyrics

Биди ми вечерва мојот светол пат По кој јас ќе патувам и без да свртам глава назад Одбери песна ти нечујна ко река да ме води, полека Побрза од светлоста, не можам да бидам Ниту повеќе од морето ќе можам јас да видам Мојот свет е внатре заклучен и никој не го гледа Во мене дише глас, тоа сум јас Искрено лажлива можам јас да бидам И од себе си подалеку ќе сакам да се видам Кога зборот си зборува а мислата си бега Во мене дише глас, тоа сум јас Одвреме навреме, мирувам а гледам Чекори на времето од кои често бегам Сепак длабоко во мене скитник сум и плачам Кога знам овој глас, тоа сум јас