Fundament - Trkalo lyrics

Published

0 182 0

Fundament - Trkalo lyrics

[Строфа 1] Брат ќе идам во Америка, визата ми е премија решив да пробам дека велат вечно не ќе си млад па ако не сега кога нешто да пробам Херкулес мекуш е, штом имаш мотив за борба Средина нова, јас не мислам за дома имам рутина своја и нови луѓе за поздрав Моите облаци лек за сечија болка инспирација да творам дури на точакот возам Така и го запознав Џеј, со него носеше "J" ми спомна ствари за Блејз и Хејз, реков "океј" Заедно одиме на работа по истиот патоказ рано утро се дури сонцето заоѓа Четврти јули е луѓето на улица луди се ко од кафез да ги пуштиле На Џеј точакот го снема и се зачуди па заклучи дека не го заклучил Се налути, со иста мерка назад: "Чим мојот точак го крадат јас на ист начин ќе вратам!" Зеде туѓ и се изгуби по тој асфалт но заборави дека постои карма [Строфа 2] Адреналин го пука, ко да во човек пукал неволјата ја осеќа како на врата чука пред него куп удолници а точаков нема кочници случајност, помисли а проблемите штом те дружат не те пуштаат, па се котат и Нон стоп, штом си во мој дом ти си мој роб се до твој гроб За малку удри во ѕид, среќа што остана жив одбегна сигурна смрт, по ликот се познава крив Ниту до дома стаса, ниту со точак саглам помисли на втора шанса, па се враќа назад Се е глатко и мирно, за чудо нема никој го враќа точакот украден на местото исто и таман да тргне на пат кон дома на истото место го пронајде својот точак