Dlaboka Traga - Molecot lyrics

Published

0 170 0

Dlaboka Traga - Molecot lyrics

[Строфа 1: Даре] Го храниш внатре во себе, мимикрија во мракот негде Волкот овча кожа плете, црна птица што гнезди во тебе Грабливка со толку ликови, но сите во еден Одразот е сменет, гостинот непоканет влезе За неа сакам да се родам ко тенија Да ги сјебам јас одвнатре, да ги распарам цревата Барам виновник темен, но не стигнав јас да погодам Дека истата грабливка секад е слонот во собата Од пеперутка креираш молец Сив ко погледот на Allan Poe, во душата сронет Си гонет довек од паразит кој не ти дал вовед Доволен да доведе до тебе, доба темна за момент Тој е авторот на несреќата моја, тивко Ја открива полека својата вистинска боја Немезисот да умре спремен е, сега е време Ти си шумот од кој ние не се слушаме себе [Строфа 2: Маро] Често прави да барам делови од себе во пепел Загубени скелети, негде пред до мене да легне A секад штом го погледнам е токму таков Прави секој здив да пече ко да проголтувам стакло Се вгнезди внатре во вени, ме тера да барам премин Да барам еден глас во немир, нели Или, само се поигрува со мојот ум Мрморам додека треперам дури при најмал шум Има и денови кога ја гледам сегде Мирис или предмет, фатен или несвест Сомневајќи се во сопствената свест е Последната битка пред да порасне во чемпрес Прави да бегам од светов Да гледам демон во луѓе, да ги сметам за ѓубре Пелтечам повеќе при помисла на него и од пиштол Знае повеќе за мене дури и од листов