Bandit - Vechna Ljubov lyrics

Published

0 182 0

Bandit - Vechna Ljubov lyrics

[Строфа 1: Бандит] Не знам што би правел да не беше дел од мојот живот се појави од некаде и ми подари крила ме научи да летам, ме научи да сонувам ме научи да простувам, но не и да заборавам Не знам што би бил без тебе ти си ми се до мене кога грее сонце, кога дожд врне Рака на срце се колнам дека верен ќе бидам нема да те лажам душо ти ми даваш сила Имаме врска што никој не може да ја скрши многу сакаат да те имаат, но само пукат прсти Не те заслужуваат само за мене ќе те чувам со тебе заспивам и со тебе се будам... Не знаеш колку ми значиш не ми требаше многу време, веднаш сватив Еден за друг сме родени, јас и ти нема комбинација друга ко нас, па викаат види ги [Строфа 2: El 'Borracho] Колку пати да ти кажам нема да те лажам дека јас те сакам не претерувам нека биде се по твое само биди дел од мојот свет, знај ти верувам Јас го сакам твојот проблем ти си ми оној дел за да бидам сега комплет и да го чувам секој поглед, во срце како спомен остани со мене за да светот твој е А сум се заљубил многу пати но џабе кога не сум знаел што е тоа љубов и кога те добив тебе, сум друг човек ете а кој не осетил незнае како е да пееш за тоа што се вика љубов треба да поминат години а и со нив ти па ќе сфатиш кога зборував за една сила што не познава граници, една љубов, јас и ти