Се будам од кошмар, јас не сум смирен
Пробувам сепак стравот да е скриен
Ме демне секој ден немам доверба
Ми треба близок на некого за да се доверам
Те избрав тебе за моја десна рака
Те избрав зошто те почитувам и сакам
А денес ретко луѓево да те ценат
А навиките е тешко за да се сменат
Боли реалноста зашто вистина е така
Боли она што те тера ти да сфаќаш
Сите сме исти а сепак толку различни
Патот не го делиме а има граници
Створени сме да мразиме и сакаме
Створени сме на грешките да плаќаме
Но затвори очи и се ќе помине
Тој сум што се труди за да ти помогне
Да го делиме доброто и лошо дело
Заедно да чекориме само напред смело
Тука сум во било кое време и место
Заедно до крај сме на овој престол
Тука сум ти јас за да не си сама
Кога сите ќе заминат со тебе да останам
Филозофија на животот е да си среќен
Ако сум твоја среќа јас ќе бидам вечен
Тука сум да бидам рамо за твоја солза
Не сум тој што ќе искористи од полза
Се трудам да бидам само добар човек
Во кого ќе имаш доверба ти довек
Можеби ќе тргнам по друг пат нели
Можеби далечината вечно ќе не дели
Но една работа знам длабоко во себе
Никад нема да најдам пријател како тебе!
Рефрен x2:
Пријателството е свеќа што сјае во темно
Пријателство е шепот што добива ехо
Пријателство е насмевка што нуди позитива
Пријателството е посебно кога со тебе го имам
Морав да ти ја посветам оваа песна
Зашто те сакам повеќе од сестра
Сакав да ти кажам на овој начин
Морав да ти кажам колку ти ми значиш
Покрај тебе секоја солза ми е радост
Фала за се што стори И покрај овој хаос
Што остана тука во секакви моменти
Кога сме заедно проблемите се лесни
Ова е реткост знаеш ни завидуваат
Нема да не разделат иако се обидуваат
Остани храбро колку и да е тежок патот
Остани со мене вечно ко глава на вратот
Ти го чувам грбот не заборавај сум тука
Ти си дел од мене се дур срцево чука
Ќе те сакам се додека не згасне здивот
Па и да умрам за тебе нема да ми е криво
Можеби ќе сфатиш само ти и никој друг
Можеби нашето пријателство е посебен круг
Па јас сум среќен што истото го поседувам
Со тебе имам чувство дека победувам
Знаеш ова е само сказна совршена
Делче од нашата приказна недовршена
Биди тука не ги заборавај спомените
Зашто срцето е место каде живеат пријателите!
Рефрен:
Пријателството е свеќа што сјае во темно
Пријателство е шепот што добива ехо
Пријателство е насмевка што нуди позитива
Пријателството е посебно кога со тебе го имам