Право на мајкот со причина за борба
Прича експлодира на хартија ко бомба
Со посвета за секоја падната солза
Никад не го мењам патот кој го одам
Пушти бит да можам да влезам јас сега
Не ми врти глава немој не ми бегај
зборам искрено се отворено бе директно
напаѓам со рапот кон целта проклето
Одве се родив овде баш ке останам
животот го давам за ова за кое постојам
Не правам споредби господ така дал
Не сум улица, но таму сум растен јас од мал
Секој кварт е сказна за се што сум прошол
Прича која сведочи од каде јас сум дошол
Од уличен баскет се до рап култура
Од тепачи до фаци што заслужуваат цензура
Види има многу без татко и мајка
Но Има и шмизли што живеат во бајка
дојде ново време и техника не расипа
ја нема веке таа стара добра брат класика
Сепак рецитал и спрејот јас го фурам
Ја негувам и ценам оваа рап култура
Самиот сум се борел за тоа што го сакам
За успех треба да покажеш ти мака
Не е толку лесно немој ти по кешот
Утре ке го немаш но не и само него
Ке ти фали тој што бил покрај тебе
Но то си го продал па сега кој те ебе!
Темпото на тонот од битот монотоно
Срцето не запира чука ко во хорор
Пишувам дрско те внесов не се свести
Те навлеков на уште слободно ти земи
Нудам партали на траки рафали побудале така ли
уште сакаш ли можеш да замислиш колку ти годи рими прљави
преносни значења читај меѓу редови небројни непресушив
види ме продолжив после ова пак во ритамот те затворив
Еј се губиш темпото ти бега
атмосверата е жешка обрачот се стега
Те познавам добро тука си на балканов
А упорно ми глумиш копиле си валкано
Сврти се наоколу смисла веке нема
Сите на PC а маалска дружба треба
улична култура ја немаш ти во книгите
таа нас не научи поеќе од што мислите
Каде што браќата не се крвно сврзани
Каде што си научил по падот да се опоравиш
Си стекнал доверба за да не те заебат
Си стекнал екипа за да те заштитат
А овде каде одам по патот јас сега
Зборам за да чуе тој што не гледа
види и осети ако неможеш да чуеш
Да најде излез секој а не само да пцуе!