[Строфа 1: Пикисипи]
Скопска ситуација бурлески
До вчера комунисти сега слават празник верски
Ќе речеш не сери ама провери
Се се смени од времето на Титовите пионери
Екс социјалисти капиталци на мисија
Со ѓаволот во коалиција зборам вистина
Луѓе газат преку живи луѓе до позиција
Адекватноста не е важна, важно си на функција
Желбата за моќ да се биде на врвот
Не знам како спијат мирно, не ли ги јаде црвот?
Има ли во авионот пилот очите му се на тилот
Нема закон за потекло на имот
Перат прљав ќеш како прљав веш
Пиљарот вози BMW, интелектот оди пеш
Сите имаат суфикси "фили" или "мани"
Единство нема, идентитетот ни е падни-стани
На еден комита тројца кодоши
Рекетари дилери и секакви олоши
Европска провинција по дефиниција
Лажирани избори, корумпирана полиција
Што смислија? Квази демократија прифатија
Одговорноста на ти ја, дај ми ја
Господ за седум дена го создал светот
7годишната транзиција даде само опозиција
Опција сјај или беда
Сите го барат мистер роба-роба да се средат
Епидемија на наркоманска зараза
Во градот во кој и мажите глумат оргазам
Новата Содома уште 2 години до Армагедон
Месијата место крст носи микрофон
Над сето ова се издигам, не сум лоботомиран
Неправдата не ми дава да се смирам
Затишје пред бура пред финалната акција
1998, скопска ситуација
[Рефрен х2]
Затишје пред бура следи акција
Гневот се таложи и бара сатисфакција
Квази демократија или имитација
Следи санација на скопска ситуација
[Строфа 2: Смилен]
Како Аце циганот на сеат
Праааау сега пука тензија, смрди реа
Знам сега има нова класа главата ветер
Пари во ташна, на вратот машна, на граница шлепер
И тој ќе ми се смее ни перде ни арам
Математика знае колку Амди Бајрам
Ама нема гајле, сепак сме си наши
Напред за Македонија во кафана со кренати чаши
Граѓани шабани на порше свршуват
Игнорантни алтери надувани, откачени бисери
Море логор треба за нас да не сотре логор
Или брашно од нашите на Јаја Паша за наш помор
(Мојот) град, главен град, република морони
Ако треба ново име измислувам, Бонбони
А погледот најубав одозгора врз овој град
Од авион што си оди од едносмерно од овој град
Па како на крајот од светот да сум јас сум
Со главата доле, одам со бастун
И читам таму негде некој тажен дечко тажи
Анонимус не ги трпи своите млади бламажи
И што било лошо, демек тој ќе ни кажи во разни
Весници за кои уште плаќам, важи
Па не сме биле млади, не сме пееле балади
Како тогаш млад скоевец кој сега нас не кради
Па овој авторитет над интелект
Од ордост дигнат како пенис ерект
Ќе ме дигнел мене инертен
Против техно и турбо фолк, епа фала ептен
Место ко овој писец солзи да леам
Брамс вели надвор на сонцето да му се смеам
Ситуација скопска, лица вакви еден куп
Не можам слепо да ги следам, па дали сум глуп?
[Рефрен х2]