[Строфа 1]
Кога легнуваш
Остави ја вратата да влегува светлина, немој да ме тестираш
Бугимен под креветот, ти го плашиме детето
Немој никад наназад да ми го пушташ цедето
А не знам што ли мислат, кога на play ќе стиснат
Не сум Ludacris јас на огледало да играм
Но чекај ме на прозор, обожавам да гледам
Се смеам кога се замислуваш дека си на сцена
И немој да те лажат демек рапот прави чуда
Не ме пуштај на братот помал, можам да го збунам
Не сакам јас да сум лоша инфлуенца, нездрав
Зборувам метафори, грешно ќе ги преведат
И кога ќе ме пренесат во јавност е срамно
И никогаш повеќе не ќе постојам во рапов
Молкот е злато, изолирот е сребрен
Залепи му на муцка и проблемот е среден
[Рефрен 1 х2]
Ако не си со мене, можеби е подобро да не си против мене
Совет до тебе, е да ме оставиш
Нема да зажалам за моите постапки
[Строфа 2]
Oва е Титаниум во правото издание
Јебига, ретко го слушаш, треба срам да ти е
Или чест да ти е, или срам да ти е
Но мене ми е сеедно, држам баш умерено
И кога мислат дека знаат што е следно
Две години не нема, пошто мислат албум спремам
А ко што гледаш, немам идеја
Па рапувам за тоа дека немам рап тема, за грев брат
Јас не престанав, никогаш не започнав
Да се прокламирам дека ова ми е работа
Но ми ставија, етикета, дека сум генгста
Дел од луѓето што прават музика детска
Па сместа, остави ме во детска соба
Да ги збеснам дома, со рап посран
Па да се носат, твојте синови во широко
Титаниум е подобро да го тргнеш од списокот
[Рефрен 1]
[Рефрен 2]
Ако не си со мене, можеби е подобро да не си против мене
Совет до тебе, е да ме оставиш
Јас сум Бугимен под твојте постели