Во завет - сите сништа се потопиле а на јаве сѐ уште си клето копиле на држава, што за безбедност слободата ја скрати но остана без двете, со затворени врати а Европа далеку е велат, забранета зона но младите се селат, дури од внатре нѐ гонат а ти спротивстави се, колку сакаш биди против... Сѐ е тоа џабе дур те водат идиоти би направиле сѐ, само да е пун џебот па се прашувам: Колку ли е прљав буџетот? Зашто сепак - мора да е полн прашина штом еднаш годишно завршува во веш машина... Такви се условите на ова наше пространство државата вработи милион Македонци - ВО СТРАНСТВО! Па наместо пион во прв ред од војска владина јас бирам да бидам дел од достојна младина!