[Строфа 1]
Не ве признавам по правила на нихилизам
Движење вандализам, заеби ти анархизам
Мозок на перење и психоанализа
Лоботомија извршена и свеста не е присутна
Не ми збори за профи тим, против нив пролив им пропушти
Кој курот го попушил? Доушник ќе лиже плочки мочани
Ко хипстерот со кошулите, Лондончанец кој е очаен
Ќе биде, адиос амиго, ова е Чаир, не Рио
Удри ја главата од ѕидот, дека не се трпите веќе со здивот
Тука од секад сте биле, пиеле, виселе демек
А сте по цигари праќани педер, не ми лапајте урда
Имаме наша култура, кажи ми зошто западњак
На нас не се метнува, цел народ е мрднат
За порок се би дал, и не би јал, и не би спал
Ама мокот да е скуван брат
Нека се гонам, влагам ко Т'га за Југот
Заеби ти Corona кога на ракија сум монструмот
Корени од Костурино, ти од Свири Пандурино
Со троа курви и Кољо што го викаат поп
А вие млади уметници глејте
Како се бушат газови со Бекутан сефте
[Рефрен]
Ова е Лоботомија — Глава 1: Нихилизам
Задаваме удар, тежок 120 кила
Рокаме на микрофонот ко нагазна мина
На сите страни крв од лигави емсиња
[Строфа 2]
Би ве замезил ко 20 кила мрсен пафлак
Сум поен и гоен, со Wu и Темната Страна бе море
Еби Америчко поле, ова е мак-рап бе воле
Во прашина во темно, пред зградата доле
А да сме живи и здрави, да има колку за сарми
Да се собереме и рапот да се прави
Е затоа срањево ќе биде вечно
Ќе биде како сонце, извор и светлост
Ако сум уличар, носам политичка реченица
Демонкратија, битанга од сеништа
Кој кур си ти мене да ме коментираш?
Не знаеш што носам позади мене и под кревет кријам
Копилето спие безгрижно под јорган
Додека бев во вода со мермерна плоча
Знаеш ли колку тони прошле низ рацеве?
Нема да е проблем да ти ја смачкам фацата бе
Сум го пробал и бил дел, од се што ти на филм си го видел
Не дека сакав, така треба да биде
Го одев Данте, затоа зборам за таму
А знам и како е горе, со курвите и гламур
Ебем ви матер, јас сум обичен смртник
Ама не ти гарантирам дека лесно ќе ме скршиш