"Somewhere i read...the right to protest for rights
Somewhere i read of the freedom of a**embly
Somewhere I read of the freedom of speech
Somewhere I read of the freedom of press
Somewhere I read... The Promised Land!"
Даре:
Најтешко е човек да бидеш, ко буре барут сме ние!
Имаме очи полни, раце празни, народов гине
нашата иронија убива лесно
често заебан чесно си, знам дека свесно ти
земаат парче од тебе, никој не гледај денес
неможеш ни сам за себе!
Одмаздата е дива правда, не стига сите
крв со крв се мие куршумот нема име!
Младината млада умира
паѓаш под статистика револуција е мртов поим брат
на ничија земја ли растеме!?
Губиме на наш терен се молиме на бога но без гласни сме!
сепак исти сме, исти воздух дишеме
но секој на секој е во овој свет безмислен
а, сакам јас да живеам не да преживеам
овде немаш место ни да пишуваш ничија земја!
Тоди:
А, ние сеуште се бориме за своите правдини
одиме по правци правилни но контра желби владини
проколнат народ тука ќе гниеме до својата старост
секој ден ни е ден на жалост -- жалиме стално!
А душава ја грее љубов патриотска
затоа е ладно како мраз во нашата земја проста
и таа вода што ја имам друга ја мати
пробувам да играм ама туѓи раце држат мои карти
и нема секад бакшиш
го чекаме први како во пустина што чекаат на дожд и капки
сите ко волци гладни, овци се помалку
не иде математика се е тука наопаку!
Па пробај остани при себе, пробај да си среќен
во место што ко лавина надоле влече
бараме малку надеж да се фатиме за неа
сите се благодарни ама нема леб од фала
но тука човекот е храбар, што ќе му дадеш ќе јаде
години прават личност и вилица јака
со години чукаме но на грешна врата
имаме дарба но не и за надвор карта!
Мартин:
Само момент ни е потребен
па макар ни бил последен
нашата чест -- на тест, дадовме од себе
крајно време да сфатат дека нема назад!
Молкот не е начин кога стално доле паѓаш
а, пак подоле од нас веќе нема
истребени ко загрозен вид со цел да не снема
од око не ни суди зошто очите те лажат
читај ни од усни само они ќе ти кажат
а зад сето ова тука има причина
сакаат да биде наша земја ничија!
Па без разлика на нација ил вера
ова е наше небо, наш воздух, наша земја!