Даре:
Треба да бидеш море за да не се извалкаш при матни води
но за љубов знаел ли човек, кој никад не мразел низ зори?
Моето срце е тука, чув нема место ко дома
дур болката воспитува овде наместо школа! Деца знаат
да губат баланс, времево го прави тоа лесно
ко да пати од паркинсонова светов!
А моите облаци, некогаш премногу тежат
се осеќам сјебан, тонам во калта, јас тежам!
Надоле! Сум чекорел по тие скали
моите врсници умираат млади, а секој сон тежи пари!
Но денес не жалам што под розата бодат трња
денес сум среќен што остри трња чуваат роза!
Споменот на мојата младост
е заменет со споменик на нивната гадост, во хаос
губам разум и губам воља, па склопи очи и слушни
но можеби мојта уста не е за тие уши...
Тоди:
Бурата предолго ја чекам, а до тогаш затишје ме убива
сме само жртви без глас на туѓо дело со умисла
мојот избор некогаш води кон пропаст, тонам
и пак се враќам на грешки за кои незнам да си простам
а меѓу нас чекорат борци и херои
за кои среќа е орден на почест и единствен мотив
кој битка води со моли, креативност и бои
и јас таму негде изгубен помеѓу нив
но има ствари кои ме тераат да мислам
па ме тераат да спиздам, барајќи во нив смисла
живото е коцка па ме измамија
рубикова земја, каде не постојат решенија
туѓата солза е најболна кога ти си ја создал
а цела душа би ја дал бар да преполовам болка
и чувам корени да имаш цврсто тло под нозе
и би се претворил во ветер да ги растерам облаците!
Маро:
Понекад небото е товар, а листот едноставно премал
умот собир од илузии со превисока цена
ако следиш... сме во градината доле
но под секој зумбул во леата не се крие исти корен...
А, моите патеки се таму
само што ретко ги следам барам изговор во замор!
но тие облаци, не чекаат никад
гласот заробен внатре во рамката како слика...
Некад го презирам денот
барам виновници во светот, а причината е его
понекад дури и гордоста ме гуши
кога не дава ни трошка проблеми да допрат туѓи уши
Па ги чувам секад далеку
моите облаци од туѓи очи само далеку!
вечно благодарен на бурата
што ја крие на облаците контурата...