[Рефрен х2]
Живееме за едно, не твориме безвредно
Љубов кон нашата поезија е уметност
Немаме избор, Господ ни дал живот
Различен од другите патници без пилот
[Строфа 1: Столе]
Би започнал од почеток за мислата да биде искрена
А сликата да биде баш чиста кристална
И се да биде јасно, никад матно како наркос
Поминат е секој вагон и веќе е касно
Сакам брат да избегам од се
Сакам да се затворам во некој свет каде животот е помек
И нуди шанси, а тука нема ниту една
Ова ни е држава наречена хиена
Па гледај си на целта дека советов ти треба
Зашто ќе се каеш некад за изгубената среќа
Како било се знам, па за понатака не знам
Може далеку од бездна, а се што сакам сега
Да ве замрзнам за момент, да се врати некој спомен
Да ни пушти солза или да не насмее ко човек
Овде се е лудо, но сум задоволен
Не се навикнав на околината, останав човек
[Рефрен х2]
[Строфа 2: David Black]
Овие идеи се ноќни мори за кои секој се бори
За кои секој твори нови солзи, он ползи по подот
Плачејќи некој да го крене
До нивото кое едно време се викаше популарност
А денес секојдневност, денес прошетка во твоја околина
Е како да се шеташ на бојно поле по дожд
Кој секојдневно се собира
Па може да се истури врз човекот
Кој му помогнал да дојде
До тоа ниво на кое е, не
Он секогаш настрадувал, тоа дете е проблемот
Кога се шетавме со насмевките на лицата
Рацете во џебовите, а сега
Капуљачите на глава, боксирачите во патика
Патетика, секој збор кажан малку е
За во овој момент да се опише
Секојдневната борба со мојот гнев
[Рефрен х2]