[Строфа 1: Кискин]
Кога помислам на вожња брат не влегувам во кола
само влезам во кабина и.. и... и... и одам, возам
На глас размислувам за се што стои цврсто
порано на рапер покажуваа со прстот
А сега, децата што од Струмица блеснаа
излегоа на телевизија, не само песна пак
Не ми се верува колку многу пораснавме
И после Животот е, Ладна совест, уште тука сме
Дивизија екипа оригинал ко Мона Лиза
нема реприза, прават да лизга како клизма
пробај не сега, држи тврдина од 2003та
Кискинов beat на многумина стана мечта
Неколку успеси, пропусти и пропуштени повици
ко по ски спуст земаа залет пробај сопри ги
Сонот почна во реалност да се претвара
после толку долг пат наидовме на светлина
[Строфа 2: Бандит]
Имам душа што дише музика, срце место метроном
лева рака микрофон, десна рака пенкало
крв место мастило и мозок место лексикон
далеку попрљав од водата во Мексико
Triple S беше семето што пушти корени
а денес стебло, гранки, цвет и роди плодови
Ми фалат тие денови, виновен Скептик за тоа
право од улиците на Струмица во најчиста форма, бе
ова значи војна, еј, ова значи одма
играва сака чист ум и челичен стомак
Како инсомнија е не ми дава да се смирам
морам да играм се дур не можам да бирам
безбол капче преку очи, уште панталона спуштена
тој сум кој сум брат па реагирам преопуштено
Хип хоп, Струмица е се што дишам
тука сум и ке останам се додека движам