[Строфа 1: Бандит]
Не можам да спијам, сонцето в очи ми пече
A беше многу ладно на клупава цела вечер
Мирисам на урина и што ли друго не
ми грчат цревата морам да најдам корка леб
Порано со кучки, сега куче не ме душка
но не беше отсекогаш вака, слушај
бев единец на мајка и татко
со златна лажичка ме ранеа, колку слатко
Не сакав премногу па имав се што сакав
сакав само да сакам и да бидам сакан, ме сфаќаш?
Имав сон, имав желби
имав идеја ко мал, а сега... партал
А Бог дава доволно колку да не умрам
сакам само времето назад да го турнам
и да се вратам на тоа кога имав избор
никогаш повеќе нема да е исто
[Рефрен х2]
Кога домот е улица, мајка ти е засолништето
и кога среќа наоѓаш во зима до огништето
кога радост ти ствараат бројни ситници
можеш да се споредиш со сите тие скитници
[Строфа 2: Кискин]
Се будам со иста мисла секое утро
"Дали ќе беше друго да го немав тоа чувство?"
Несигурност и страв да дојдам до нејзин праг
да клекнам јас на колена и да ја побарам за довека
прстен како што заслужува да дочека
а сиромаштија боли штом ти е чиста совеста
Најдов начин да дојдам до кеш
каков што не сум ни сонувал, но треба да падне леш
Нечиј син... фамилија да оцрнам ко катран
со нечија мака јас среќата да си ја платам
Но таа неможела да чека
па себично ме тера да се сменам и сега
можам да сум женет и богат или пак свесен и горд за
Постапките што ме одведоа на потежок пат
Иако изгледаше како да имав избор
јас воопшто не одбрав и повеќе ништо не е исто
[Рефрен х2]