[Рефрен х2]
Штом ја чуваме портата, значи нема внатре
Тандем, скопски сленг и кочански акцент
Отворена секоја чакра, чуваме мак рап
Нема преживеани, Солферино масакар
[Строфа 1: Роки]
Дај ми бит, extra feeling ко Wonka Willy
Плус тим, на бини плукам sk**s со рими, види
Пука replay без finish
Сме сите исти, нели? Црно бел ко Лука Торели
Штом тонеш ти, сме новитет од стари школари
Дигаме горе-доле, како roller coaster
Емси болен, те враќаме назад и да возиш филм ко Paul Walker
Блеф ко на покер, уметност ко Edward Hopper
Ако рапот е игра, сум expert level овде
[Строфа 2: MartiX]
Идам на гости, носам ви бум бап
Кочанска мрснотија извадена од фурна
Урлам најсилно од моменто кога насилно
Бодам пенкало у венa и пуштам да тече мастило
Влезо како горила кафезо тресам
Нема јаже шо е достојно на него да се обесам
У секој текст честа, и пробај да ја згужваш
Толку емоции, ќе почне крв да пушта
[Строфа 3: Роки]
Шириме рап ко ерес, сме тука уште предвреме
На дуел против нас, би се упукал ти себе
Носиме невреме, ти барај спас ко Courage Dog
Стара школа, камшик на beat како Indiana Jones
На мајкот по навика, влагам пак без насит јас
Чувам тајни тука како поп во Ватикан
Ширам зараза, сме темни како антракс
Дигаме глас, не дигаме фарса за да видат и сфатат
[Строфа 4: MartiX]
Слушај, рапо не е порта па да минеш
А ако биде, ја и Роки ќе сме Gatekeepers
Четири елементи на хип-хопо живеееш
Ја живеам цел периодичен на Иван Менделеев
У секоја агрегатна состојба, но највеќе цврста
Децата на Луцифер ме видат, па се крстат
Правам глувите да слушнат и вриштат „смени го“
Чекам да ме пуштат да ги здробам како Danny Dog
[Строфа 5: Роки]
Стара школа, не гола вода
Не водам, ме води сон, штом тука гордо стојам
Ера нова, желби, а не способност во исти кош
Супернова, место книга кликат tocka.com
Муабет не делам, велам, место почит, серат
Барат простор млади, но постари г'з греат
Не чекам профит, само не сакам против
Ова сум јас, слика преку мојот молив, молчи
[Строфа 6: MartiX]
Урбани херои, за улица гинат
А улица се само кога со фаца по асфалт ринат
А во урбаната џунгла викај ме Тарзан
Не ми давај мајк, туку дај ми пун шатган
Џабе пукаш, куршум не може да ме продре
Смртта нема храброст да ме спакува во ковчег
Вечен како дракула, дрмам ко јагула, трчам ко јагуаp
Шом видам крв, стрвен, бетер од ајкула