Hajd & Zhika - Vozhnja Part II lyrics

Published

0 186 0

Hajd & Zhika - Vozhnja Part II lyrics

[Строфа 1: Жика] Поздрав праќам еве сме на трака валкана и мрсна пак Се враќам во Демокрит светло нема? рапов згаснал мрак Пуштам линии во глава да се чуе клик и клак Со Хајд на мајк сме нај кревам публика на Исов фанк Ако битов е море, тогаш по него пловам Ако флоуто брза како риба без мамец го ловам Колам рапери на бина, со пила Тексасова Ако ти си супер, тогаш јас ќе бидам супернова Ти и понатаму биди бестрашен како Хогар Јас со една строфа ќе ти створам параноја Сум електрон во рап-атомов и пред тебе десет слоја Имаш ангина, веруј, јас тоа во тебе гнојам Рецитирам и ви читам имиња на плочници Кога го возам битов, флоуто е без кочници Римата убиствена ко нож со десет острици Ви продирам во мозок и ви велам „поздрав, сочни сни“ Апсорбирам рими како апсолутно црно тело Ставам шлаг на трака како на гитара Том Морело Голтам емсиња во еден здив ко питон Ти стрелецот од Марс? Јас потомок од Криптон Еден тон рими тешки како слон Кикот ве тресе ко комшии од под па до плафон Микрофон пуштен директно во етер Следи Хајдовиот извртен ум со брзина на ветер [Строфа 2: Хајд] По нас за мртви важат само после збор кажан Како Тоше секој реф го лажат рапот монтажа Закон флоу тажат за вас подобро изгасете Го рапов за вас масен е со рими е пренаселен Не си ти на врвот ако имаш соба на кров Животот е курва среќа што сум добар макро Нешто проба вакво ама не е ниту блиску Кога правиме на бит убиство опасни од искон Празни сте со фразите ве мразиме ко вермин Ве тресе цело тело кога газиме по нерви Поикилотермни за вас не не боли глава Секој емси што го води слава умре годинава Крв во ноти ставам, учи како лесно Мењам во строфи апострофи да звучи вака течно Што се случи праќам петсто рими пред да речеш пази Ако можеш пукај стих ти без да влечеш фрази Тврда песна пече јазик па и стара школа слави Кој гo гризел стилов останал со пола заби Гориво во кола стави вози дур го снема патот Во војна со нас подобро е да го земат NATO На спотот игра балет рапериве пеат налет Тајната за успех е да бидеш театрален Емси недостиг на талент, немате ни муза Знам на рапов ти е камен ко да си гледал во Медуза Текст — Rap Genius Macedonia