Dare DT - Skazni Od Asfaltot lyrics

Published

0 219 0

Dare DT - Skazni Od Asfaltot lyrics

Даре: Роден сум под ова, небо што плаче овде корења не влечат под населби доле, зар не? Си бил сведок дека градов е полн со приказни асфалтот плете тајни во ноќта со шепоти Но! Улициве ко да имаат очи можат да ти раскажат за секаков злочин и мотив Во овој јужен Вавилон, каде секој дар не е благослов верувај, таленти има овде си што може не што сакаш, дај боже да се сменат стварите да биде сонот можен Западно од рајот - таму на кружен Зад Аголот тим е дужен, да гледаш низ светов ружен Тој тивко спие, темен ко Dylan Dog рано се буди, свети со сонцето Скопје град на работничка класа домот на рапот, Влае, Ѓорче, Карпош доле, Скопје! Реф. x2: За Скопје, за градов заспан, каде улицата е празна се слуша само вистина за која јас ќе пишувам Од Скопје, од овој асфалт, шепоти улична сказна се слуша една приказна за која сите живеат Маро: Лица сведочат за настани на овој бетон градов дише со нас заедно, но на различен метод Сме под исто небо, сме под исти облаци бели и тонеме доле со него Нема невини, секогаш е вперен прстот во овој вечен наш дом, каде симболот е крстот Духовно сме сити, парично сме секад ниски нема ниту бета, ниту гама, законот е алфа! Асфалтот гори како сонцето на исток трпи многу повеќе од моливот и листот Трага има ако знаеш каде да ја бараш ист е како рапов секад губиш кога даваш Можеби се работи за навика кога си во фрка, а не си ни задишан Бурата наближува се надевам ја чу градов наш е таков Скопје - состојба на ум! Реф. x2: За Скопје, за градов заспан, каде улицата е празна се слуша само вистина за која јас ќе пишувам Од Скопје, од овој асфалт, шепоти улична сказна се слуша една приказна за која сите живеат Тоди: Живееме во место кое на грешките не простува неможеш да бидеш тука постојан не се живее од ден за ден, туку од саат за саат се плашиш и од тие што те знаат! Но Скопјево има некој посебен дух дава сила и слух на глув, да бидеш подобар од друг ни е главниот мотив, што тера некои да дигнат молив да пишат стих што боли Тука не се спие на раат, камо ли да живееш сон но, некои спијат во палати некои незнаат за дом! Некаква магија не држи овде кога во скопски клуб од срце викаш раце горе! Ова е само наше Скопје, тука ни е се и се дури сме живи, ќе го сакаме Овде сум пуштил корења и овде сакам да згаснат Длабока Трага со скопската сказна