[Rocksteady] Влагам ко власта, на сирак што нема денар во рака И сега правам да земат глава да тресат од јак рап Ги снема тие што гнасат, прав рап сервирам на маса Дива песна, нема здив да земам дур не пукнам глава [Bebop] Стилов е претешко болен, ти со лесна настинка Од масивна класика гравитацијата да ја раздигам Флоу меко како пандишпан, те молам гаси брат Времето ви е поминато, саатот ви е расипан [Rocksteady] Мандат сега има Zee Bomb, враќа итно назад ритмот Давам суров стил на битот против убавина, милост Џабе ви е влезот, звуков и него го пробива Заеби го ти кешот, делам рими во готовина
[Bebop] Мајк пасувај, на нивна тишина празнувам Не ни рапувам, не рецитирам него рап спасувам Рециклирам рап отпад, пакувам, викај ме пакомак Начин да бидеш underground е да си закопан [Rocksteady] Сме нови во срањево озбилно, маваме подиво Сме тим против поп, стил горчлив што носи под Почви, флоу вожњи, автошкола на ритам див Бродот што го возиш ти тоне доле како Титаник [Bebop] Втора мајка boom bap, a hardcore втор татко Па очигледно е мојот рап, на кој е метнат ваков Пак во напад, напаѓам, повторно отидов тврдо Јас сум мртов озбилен, а фејкот е озбилно мртов