[Verse 1: Arap]
Ќе биде распнат емсито што ќе се постави на бетл
траги оставив во пекол сте позади во текстот
ставив метафора пред нас да клекнат мора
еден збор да речат горат да ги видам нека зборат
викај ме гробар вршам закоп на рапери глупи
и да се дава за без пари твој рап не би купил
си поразен ти ќутиш болката те совлада
генерација помлада те плука ко да си од влада
јас штом дадам на трака проценти сто
ако викаш ти е мртов идолот посети го
а тимот твој потсети го да нема beef со Metaphorce
по дисот да не цениш нас е веќе прекасно
јас скренав скроз веднаш штом вештина накачив
твојот ретко сакат тим на корнезот го закачив
си во влезот на скали неподвижен целосно
по делово Metaphorce е возвишен на небото
[Verse 2: Hajd]
Правиме преклоп емсињата се стишани по бетлот
си провиден стиховиве се пишани во d**h Note
само нишанат во празен простор главна цел
да има газе во спот мочам кај што газел господ
на траки вози ликот е позитив тип но јасно
по два збора дека не знае да вози бит ни под разно
во прозивник си под нас бро доле место последно
мислиш си фраер ако си снимил песна во средно
неважно колку стар си битно штом ќе фатиш мајк
и зинеш итно треба само да го скинеш ритмот
немаш ли флоу? Епа одма си починат в гроб
со тимот ако те бива ти даваме почит и пропс
пичко знам да ценам! Ти се шитна за ич ко грам за денар
се срамиш од твоите ко глумци во срамна сцена
капак од сандак кренат за тебе сум сосем настран
нема достојни што можат да скинат бит после нас брат
[Chorus]
Носам убиство, тимот рока госпел настран
правам јуначки мегдан и секој гост е распнат
глумите подземје, но сте на спрат, штом се раздрав
нема тим што рока вака после нас брат
[Verse 3: Niko]
Стихот е чиста вистина, нема ниту грам хејт
но достоен да секој MC стрепа ко на blind date
хируршки прецизно, секој ред е фузија
за секој кретен усијан сме вечна реперкусија
одамна закрепостени, во рапов сте ко фосили
а вашата публика уште ја бањаат со Kosili
сте херои но на малоумни малолетници
желни да слушаат малодушни рап-уметници
проба да се вклопиш, шутнат назад со ефе си
рапот не е место за психо-поетеси
нема враќање ко релација крек на хорс
TriYang predators, крвта ви ја лијат Metaphorce
нека пијат Метадон! Нема да ги спаси
болката е вечна сѐ дур битот крати траси
полни красти гнаси, направи престап на двочекор
а секој стих е насочен кон шајките на ковчегот!
[Verse 4: Zhika]
Имате пластичен стил со закопани рими
звук на лажни профили што уво не може да го прими
ви треба restart и format за ваков перформанс
не си се родил мртов за да глумиш Lamont Coleman
чим влезам со панч имате во блокот мрак
ве чув вас – па имало поевтино од Стокомак!
Сум проколнат да пишам стих на ваков бит
после бетл следи казната за секој лаком тип
вкусен рап како тако чипс
твојот пак е местен ко да си го следел Џаро Типс
ти носам пораз како Afu Ra без гламур па
мојот дис те нафура а уште имаш страв у рап
па подрумот на Metaphorce е за нас престол
добар звук е канет често, нема тука за вас место
за крај – доста е, ве решив со нокаут
ако си на рапов user боље притисни logout!
[Chorus]
[Verse 5: Marsh]
13 години после Сафизам, рапот више нема смисла
место еволуција – затупен модернизам
раперите не се во криза, нив ги гриза бела чума
се бројат трошно на прсти, а артисти пун курац
естрада пука и брука, хардкорот уште полош
пошто кој што до мајк дошол прошол без да се праша пошто
нема говор, овде сите творат за фама и кеш
но производ е 20 души во публика и празен џеб
IQ-то во минус е, битно траката на FM
врти и немај гајле што служи само ко мета за смеење
а екипите пепел се, екипно прават парче
екипно вокабуларот е рамен на буџетот на Зимбабве
па ги праќам кај Данте, директно во круг број девет
брцам мозоци во штекер за конечно да им светне
дека рапов свет е, затоа подалеку од мајк брат
после Metaphorce сите усти се во вечен shut-up!