[Строфа 1: Даре] Некои тоа го сакаат жешко! Во градов треба да бараш Талентот нас ни е карма, но тонеме доле без пара Ритамот за мене ветена земја, само на него сум дома Сме класика ко земја, ветар, оган Денес по секоја цена би ставил цена, процент да земат Велат емсија со сказни нема, но Решеткиве некад се единствен излез Кога клечиш пред пораз спремен да оставиш во нив се! Музиката е свето место, не треба да гази секој Тоа не дели сме различни по мотив често Зад Аголот е хипхоп Назарет за мене, во ред!? Дишам од песна во песна за ова спремен, си не!? А овде имаме се, добош, кик, soul, rap Boom bap, deep и fat, да чуеш "скреч" на "реф" Додека дишам вистина ќе кажувам Рака на Библија ти сведочи за вештина! [Рефрен X2] Си чул за вистина во лирика знам Во Скопје бараш наоѓаш за сечија душа и секој пат, пак!
Имаме скреч, имаме бит, имаме се Стихови, приказни, тажни вистини за сите! [Строфа 2: Тоди] Кога слушаш гребе винил знаеш е мојот човек Илиќ Не го крпи терапија колку е навлечен на игли Заеби игри, сериозен тим што тера да мислиш Мисла што тера да пиздиш, затоа тераме ист филм! Немаме мерка и не знаеме за доста, нека простат Кога димиме пред гозба и пиеме сок од лоза Носиме вожња, стих добар, бит и стил поган, скил оган Тера рапери после да молат ко на прочка! Во ова вложувам но нема ќар за тешките дни Па мислиш дали и стиховите се нешто вредни Не сте ни делумно спремни За тоа што го правиме со повеќе душа од сите soul песни! Па не сте ни свесни, до кај ќе тераме Секој нареден збор ќе прави различно да гледате Од срце секој потег, ДТ кон напред дојди До аголот па сврти лево тука ќе не најдеш!