Зборот синтакса значи „редење, распоред на зборовите“. Синтаксата е дел од науката за јазикот која се занимава со јазично точниот редослед на зборовите во реченицата. Таа ги разгледува законите по кои зборовите се врзуваат во реченица и по кои се гради проста или сложена реченица.
Реченицата е централна синтаксичка единица.
Помала од реченицата е групата (синтагма или фраза), поголема е сложената реченица, а сите тие поврзани во смисловна целина сочинуваат врзан текст.
1. Именска група
2. Реченица
3. Сложена реченица
4. Врзан текст