Дали имаме активна или пасивна реченица зависи од улогата на подметот. Ако подметот е вршител на дејството – реченицата е активна, а ако е трпител – реченицата е пасивна.
На пр.: Нашето училиште ја освои првата награда. – активна реченица.
Истата мисла може да ја искажеме и на поинаков начин – пасивно, односно:
На пр.: Првата награда беше освоена од нашето училиште.