Писмото е визуелно претставување на говорот.
Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците. Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографското писмо. Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите. Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило фонетското.
Иако во светската научна мисла е прифатено дека најстарите писма потекнуваат од Египет, Месопотамија и Асиро-вавилонија, сепак не смееме да заборавиме дека во Македонија се пронајдени артефакти со писмо слично на денешната кирилица, а старо 7000 години. Тоа е керамичкиот печат од неолитската населба Церје кај селото Говрлево, Скопско.
Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) и Морзеовата азбука (Семјуел Морз).