Националниот јазик е јазикот што го говори една организирана група луѓе (народ, нација). Овој јазик е природен и се формирал долг временски период. Јазикот се јавува спонтано од потребата луѓето да ги разменат своите мисли и чувства. Секоја организирана заедница создава свои знаци и развива свој специфичен јазичен систем. Националниот јазик функционира преку две пројави:
1. Нестандардна пројава
2. Стандардна пројава
Во националниот јазик се содржани и нестандардните (дијалекти, жаргони), како и стандардните (литературниот јазик) форми на комуникација.
- Дијалектен јазик (народен говор)
- Стандарден (литературен) јазик
Од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој постојано се збогатува и обновува од дијалектниот. Затоа, тие се во постојан заемен однос.