Југоисточното наречје зафаќа многу поголема област од западното. Тоа ја опфаќа областа источно од реката Вардар и Црна Река. Северната граница оди по линијата Скопје - Свети Николе - Пробиштип; на исток навлегува во Пиринска Македонија, а на југ во Егејска Македонија. Особеностите во ова наречје не се многу изедначени и егејските говори (јужно наречје) се разликуваат од источномакедонските (источно наречје). Но, сепак имаат заеднички особини. А. Акцент Б. Фонетско-фонолошки особености В. Морфолошки особености Г. Синтаксички особености Јужните говори имаат и свои специфики.