На твојте дланки две
Гледам капка од мене
Со сета врелина ја впиваш во себе
Ме милуваш со здив
Во својта мекост јас те впив
И со денови те паметам ко сон
Земи ме, земи ме
Во твоја желба ти претвори ме
Да бидам дел од твојот спокој немирен
Земи ме, земи ме
Јас ти нудам да ми земеш се
Од мојва душа се до капка да ми испиеш
На твојте дланки две
Лежат солзи од мене
Да ме утешиш ти со нив опиј ме
Чувај спомен за мене
И денот штом ни земе се
Стопли душа пред на пат да замине