Ако немаш ноќва
Кому да се помолиш
Ќе бидам јас за тебе
Како икона што може
Сите твои темни мисли да ги избрише
И сета твоја болка да ја однесе
Барем за час
Уморот го криеш под црни пердуви
Лицето го миеш од стари шминки ефтини
А знаеш дека ниту една вода не измива
Од таа кал што во тебе се собрала
Штом сфатиш
Солзи и бакнежи
Ти мораш стално друг да љубиш
Солзи и бакнежи
Тој те плаќа а ти се нудиш
Солзи, но никој не ги гледа
Солзи и бакнежи
Кому ли се даваш сега
Погледни ја те молам месечинава
Огледало ќе биде на сета твоја убавина
Погледни ја и немој да се сокриваш и
Почни добри нешта ти да откриваш, во себе