Не плачи
Те молам мило мое немој сега кога одам
Не знаев
Дека твоите солзи толку многу можат да ме болат
Гушни ме
И стопи ме на твоите раце како мед
Голтни ја
И оваа последна и болна мисла на тебе
Запри ги
Во ноќва звуциве
Од небо пратени за тебе од мене
Не плачи, не плачи и не жали ме
Јас ти зедов сѐ
Биди ми
Вечна светлост на моиве сенки
Немо што ме следат
И не мисли
На ништо добро мое
Кога сето добро носи само тага
Запри ги
Во ноќва звуциве
Од небо пратени за тебе од мене
Не плачи, не плачи и не жали ме
Јас ти зедов сѐ