Таму, таму каде што никој не ме знае ниту препознава
Таму ќе барам да ми биде мое ново дома
Како она, како она некогаш
Но никој не знае и никој не може
Да свати барем еден дел од се што минало и поминало...
Тешко ми е тешко, толку многу тешко
За се што си оди, не запира, боли
Тешко ми е тешко, толку многу тешко
За се она знај, за се што си има свој крај
Немам, немам ништо повеќе да ви кажам јас
Зошто кога река тече, таа тече бесшумно и немо без глас
А јас река сум, што се излива од две страни
А никакви трагови не остава, таква сум ви јас...
Тешко ми е тешко, толку многу тешко
За се што си оди, не запира, боли
Тешко ми е тешко, толку многу тешко
За се она знај, за се што си има свој крај
И ќе ме моли, ќе ме моли ова небо
За прошка еден ден
А јас простувам многу лесно
Зошто, тешко ми е тешко...