Не прашувај ме те молам
Нема ништо да ти зборам
Сe ќе оставам зад мене
Немам кој што да ми земе
На секој немил спомен
Заборавив без проблем
А пред се најмногу на нас
Од ова место, потурни ме
И дај ми да избегам одовде
Овдека нема место за мене
И ако можеш да ми простиш
Што сум сурова и одам
Што подалеку од себе
Без да земам дел од тебе
Сфати дека сето ова
Е само, мала ситна борба за опстанок во рај
А,ако нема место знај
Ова нема да биде крај
Ова е почеток
Заборави
Јас немам сила да те лажам
Ниту нешто да ти кажам
Заборави, на сe
Заборави
А јас само бога молам
Да ми простиш сe за што ќе сторам
А не е лесно, не, да заборавиш
И колку пати само молев
Да ме нема и се борев
Без светлина и бои
А толку сакав да се мои
Само едно имав в рака
Мојта верба многу јака
Од неа започна сe
Ако ме сакаш верувај ми
Ако си одам, посакај ми
Сe мое добро и среќен пат
Заборави
Јас немам сила да те лажам
Ниту нешто да ти кажам
Заборави, на сe
Заборави
А јас само бога молам
Да ми простиш сe за што ќе сторам
А не е лесно, не, да заборавиш