Бел ден, е секој среќен ден
Па и да е последен, само среќен нека е
Бел ден, е секој еден ден
Што доцни навреме, за да стигне до тебе
Ако си голем, знај, биди и мал
Ако си слаб, биди јак
Ако е невреме, разведри сe
Растерај облаци насмеј ми се
Еј,да ми е еднаш да можам
Да постелам постела во бел ден
Таму срце и душа ќе стоплам
За милион срца во еден ден
Бел ден, ќе имаш во себе
Штом на друг ти помислиш
И ангел бел му подариш
Бел ден, и не е важно не
Дал ништо или сe
Само бело нека е
Ако е темнина, расветли сe
Од едно ти направи две
Ако си сиромав, нежали не
Твоето богатство во душа ти е
Еј,да ми е еднаш да можам
Да постелам постела во бел ден
Таму срце и душа ќе стоплам
За милион срца во еден ден