Немој ноќва да ме будиш
Ако мислиш да си одиш
Немој ноќва да ме будиш
Пушти ме да сонувам
Под едно светло темно плаво
Каде ангели ми пеат
А твоите мали коси очи мене ми се смеат
Јас бев медно цвеке твое
Ти дадов се што беше мое
Сето добро, сето лошо, сето грдо и убаво
Како Азија е голема желбата
Јас тебе ноќва да ти кажам колку ѕвезди гушкам јас
Азија е голема, но поголема е мислата на тебе
Што ме гори, а ниту една рана не остава
Те молам немој да се грижиш
Што од мене ти си одиш
И така можеби е добро, подобро од предоцна
Ќе бидам вечно цвеќе твое
Ке збришам се што не е мое
Сето лошо, сето грдо, сето неубаво