[Строфа 1: Бандит] Таа има дечко, и јас девојка ми ја сакам но што ми се случи ни сам не можам да си објаснам Слатка е ко нешто од Нестле, и ме влече ко зависност како нешто толку грешно може да е толку прекрасно? Прекасно е, нема назад и прекасно е, ќе се раздени, денот ко казна Да не раздели на две, дури не се стемни јас и таа кардио вежби па да сме грешни пак И недостигам штом ме нема луда е ме следи ко да сум северна ѕвезда тука сум за неа секогаш, кога и требам да ја земам, идиот не заслужува таква жена, но не да ја спасам, тоа не е моја улога бев пијан и дигнат штом решив да ја уловам Време е да си оди мугрите стануваат ден а у курац... мојот нов проблем [Рефрен] Синоќа беше синоќа, може вечер пак исто само без емоции душо, да сме на чисто Синоќа беше синоќа, може вечер пак исто само без емоции срце, да сме на чисто [Строфа 2: Киндер] Тие усни нежни и допир кој ме плени ме тера да заборавам на сите други жени Доволно сме заедно - душа и срца спремни еден од друг учиме од кафез да се пуштиме Но послушај ме, не сакам да ме прекинуваат кога зборувам без разлика колку слатко ти изгледаш кога намигнуваш, па воздивнувам во прегратки си мои, цврсто стегам дека знам денес те имам утре неможам да гарантирам апсолутно ништо Денов ќе се изгуби во тебе како љубовното писмо ноќва е пред нас и се надевам да биде долга Да сме на чисто, веќе ништо не е исто секој поглед, секој збор, секој допир - значи нешто Предоцна е веќе, сигурно те бараат кажи дека си била на рап-деву ако те прашаат