[Строфа 1]
Јас сум еден Македонец кој е заглавен овде
Кој мора да има книшка за да се осеќа ко човек
Колку и да мислам нема проблеми, се како болест
Во својата земја како да не сум добредојден
А народов е како курва или парче месо
Секојдневно сме ебени од ЕЛЕМ, Телеком, МЕПСО
Место да уживаме, се тепаме за кешот
Дојде време бензинот е поскап од превозно средство
Но јас сум една кутра душа која мрзне на автобуска
Чекајќи дабл декер кој ни касни една цела рута
Па дал да се бунам или да ќутам
На крајот пак ќе го јадам дека земјава е глува
Јас сум дел од една младина која е небитна
Оставена на себе зошто владата е себична
Не бира средства за да не уништи но јебига
Кога и опозиција тука ништо не сменила
[Рефрен х2]
Да ве чујам сите кои страдаат од системов
Да ве чујам сите кои живееме мизерно
Јас и ти сме тие кои мораат да помогнат
Борбата продолжува како да е за слобода
[Строфа 2]
Ми велат дека сме биле направени од мочка
А тоа го зборат луѓе заглавени на комар
Ела живеј во време каде потрагата е борба
За работа, да бацувам газови и да молам
Ти се молам, јас сум еден прост човек обиколен од хиени
Облечени ко џандари, доктори, ефтини жени
Корупција и мито на битов лично од типот
Кој нема што да крие, нека ми го видат ликот
Ваљда нема да ме скинат ко Младенов
Јас сум ситна риба во океанот на гревот
Но денот кога ќе бидеш трн во око е проблемот
Кога ќе се појават сомнителни фаци на тремот
Светов стана чудно место каде немаме ни избор
Се е сиво во земја каде ние сме најголем извоз
Но додека си тивок, нема победа
За жал јас сум во тимот кој дава, а пак не добива
[Рефрен х4]